Левица: Противзаконски и неделовнички Ласовска од ДПМНЕ го саботираше Законот за бранители

Од:

ВМРО-ДПМНЕ преку пратеничката Благица Ласовска денес спречи Законот за бранителите да се најде на дневен ред пред пратениците на Комисија за социјална политика, демографија и млади. Овој закон веќе десет месеци е блокиран од пратениците на ВЛЕН и ДУИ, а денес, кога со Комисијата претседаваше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ – Ласовска и имаше можност овој закон да се одблокира, но таа избра да го прекрши деловникот и одби овој закон да се најде на дневен ред, тврдат од Левица.

„Имено, поради овој закон, претходно по иницијатива на Левица, беше поднесена Интерпелација за пратеничката Илире Даути, која беше разрешена од претседателската функција на Комисија за социјална политика, демографија и млади. Потсетуваме, дека лицемерното ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа интерпелацијата, чиј главен мотив беше против-законското и неделовничко одбивање на Илире Даути да го стави Законот за бранители на дневен ред.

Помеѓу бранителите и коалициските договори, ВМРО-ДПМНЕ денес, како и секогаш изминатива 20 години, бранителите ги остави на цедило, за сметка на своите коалициски, политички и бизнис интереси. Денес, преку оваа неделовничка саботажа во стилот на Илире Даути, пратеничката Ласовска ја соголи маска на Мицкоски, а квази-патриотизмот на ДПМНЕ го претвори во фарса, покажувајќи уште еднаш како ги злоупотребуваат патриотските чуства на Македонците во време на изборни кампања, кои како и секогаш биваат пуштани низ вода кога е време да се преземе акција“, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Ревизијата откри злоупотреби во Академијата за судии и јавни обвинители – гориво за приватни возила и спорни надоместоци

А1он

Левица: Обезбедувач на Мицкоски доби условна казна за семејно насилство, дали ова е правдата што ја ветуваше власта?

Горан Наумовски

Левица: Оливер Миланов од АХВ да си поднесе оставка по скандалот со млекарниците

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

(ВИДЕО) Апасиев: Ќе поднесеме втора интерпелација против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Левица: Пливачите ја плаќаат цената за криминалните концесии на власта