ЛиДеМ: Една генерација зборува, друга страда – ќе слушнеме ли конечно?

Од:

Во организација на Либерално Демократската Младина (ЛиДеМ) и со поддршка од Фондацијата Фридрих Науман, вчеравечер во Кичево се одржа
панел-дискусија на тема: „Менталното здравје и ЕУ: Вредност што почнува од тебе“, каде младите, експертите и активистите отворено дебатираа за предизвиците, но и конкретните чекори што мора да се преземат за подобрување на менталната благосостојба кај младите.

Говорниците потенцираа дека повеќе нема простор за чекање – младите бараат ефективни институционални решенија, а не само јавни кампањи.

Нагласена беше и потребата од вклучување на менталното здравје во образовниот систем, постојана психолошка поддршка во училиштата и
поостри механизми за справување со врсничко насилство.

„Нашата цел е младите да се чувствуваат видени, слушнати и поддржани – не само од другарите, туку и од системот“, истакна Давор Смилески од
ЛиДеМ.

Панелот ја истакна и важноста на европските вредности како солидарност, еднаквост и почитување на достоинството – вредности кои, според
говорниците, треба да бидат основа за секоја образовна и социјална политика во Македонија.

Јелена Мишиќ нагласи дека младите се подготвени да водат, но и дека е време институциите да се придвижат. „Средношколците веќе доставиле
барања. Ние не прашуваме дали некој ќе нѐ слушне – ние кажуваме што треба да се смени. И ова не е крајот на разговорот. Ова е само почеток.“

Со оваа порака, настанот не заврши – туку продолжи како заеднички повик за акција.

Би можело да ве интересира

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост

Успешно оперирано новороденче со ретка и тешка вродена срцева маана

Предраг Петровиќ

Во угостителски објект во Аеродром сексуално вознемирување на десетгодишно дете

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 14 лица, дел од нив се лекари на скопските клиники

Предраг Петровиќ

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие