Кривични пријави против лица од Пробиштип и Свети Николе за кражби од цркви

Од:

Кривични пријави се поднесени против две лица од Пробиштип и Свети Николе, осомничени за кражби од цркви, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Триесет и седумгодишниот Д.К. од Пробиштип е осомничен за сторени пет кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и едно кривично дело „лажно претставување“ по член 391 од Кривичниот законик.

– Тој се сомничи дека ги сторил кражбите во периодот од 11 до 15 мај во цркви на подрачјето на Свети Николе, а при една, лажно се претставувал на свештено лице како полициски инспектор. По преземени мерки и активности, на 16 мај во 12:30 часот во Свети Николе, тој е лишен од слобода, по што е спроведен во Полициската станица – Пробиштип, каде бил задржан во врска со судска наредба за приведување и спровод во Казнено – поправната установа „Затвор – Струмица“, појаснуваат од МВР.

Во истиот период, расчистено било и кривично дело „тешка кражба“од црква во Свети Николе, сторена од М.Ј. од овој град. Таа била пронајдена и против неа, како што нагласуваат од МВР, исто така, е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Свети Николе по член 236 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Ѓорѓиевски: Воведуваме ред, безбедност и модерен сообраќај – градот Скопје ќе има клучна улога во Сејф Сити системот

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци