(ВИДЕО) Пожар во болница во Британија, евакуирани се бремени жени

Од:

Бремени жени се евакуираат од породилиште во Бристол откако избувна голем пожар, јавува Би-Би-Си. Црн чад беше забележан над болницата „Свети Михаил“ во Бристол кратко пред 16:30 часот локално време. Пожарникарите од противпожарната служба „Ејвон“ се на местото на настанот.

Акушерките им помагаат на бремените жени кои беа изнесени од зградата. Бремената Џес Хачинсон (22) рекла дека било застрашувачки да чуе дека на покривот избувнал пожар.

Полицијата од Ејвон и Сомерсет соопшти дека ја поддржува противпожарната служба на местото на пожарот.

Мет Бурден, од Вестон-супер-Мер, бил во породилното одделение со својата сопруга кога избувнал пожарот. Тој рече дека таа била во породилни болки со нивното трето дете во времето на пожарот и дека навистина сака да се врати кај нив.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Загина британски војник во Украина

А1он