Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус во образование, здравство, инфраструктура ќе се градат факултети, болници, железници.Филипче и СДС не сакаат Македонија да се развива. На Филипче и на СДС им пречи во Македонија да се инвестира, да се развива економијата, инфраструктурата, образованите, да се градат болници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и СДС сакаат само за нив да има. Тие да бидат тие коишто ќе инвестираат во милионски бизниси по странски држави, за кои милионски инвестиции добиваат и златни визи. Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство е договор кој ќе овозможи инвестициски циклус со кој ќе се развива и трансформира државата.
Со договорот за стратешко партнерство на Македонија и се ставаат на располагање рамка од 6 милијарди евра со кои конечно, после долги години, ќе се гради брза пруга за патен и товарен сообраќај, дел од Коридорот 10 и за околу саат и пол ќе се стига до Солун. После долги години ќе се изгради болницата во Кичево, ќе се заврши реконструкцијата на клиничката болница во Штип, а во склоп со нејзе ќе се изгради и нов медицински факултет и студентски дом кој ќе има капацитет за 200 кревети.
Исто така, ќе се реконструира и клиничката болница во Тетово. И сето ова значи сериозни инвестиции и развој на економијата и државата, квалитетно здравство и здравствена услуга за граѓаните и достојни услови за работа на здравствениот персонал. Оттука го прашуваме Филипче, воедно и како поранешен министер за здравство, зошто на него му смета и е против инвестиции и модернизација на здравството, и на државата воопшто.
Наместо да шират небулози, Филипче и СДС да одговорат, од кое е потеклото на неговата златна виза за Дубаи, дали таа е стекна со инвестиција од на 500 милиони долари и од каде му се парите? СДС се тие кои за седум години владеење ја задолжуваа државата, а при тоа, парите завршуваа во приватни џебови, наместо за реализација на капитални инвестиции од кои корист би имале и граѓаните и државата. За седум години власт, СДС ја остави државата во урнатини, со уништени и опљачкани институции, со осиромашени граѓани, тврдат од партијата.