Медински: Русија е подготвена да води бесконечна војна

Од:

Русија е подготвена да води бесконечна војна, барем ако може да се суди според изјавите на Владимир Медински, омилениот „псевдоисторичар“ на рускиот претседател Владимир Путин.

Според порталот „Политико“, Медински, кој беше министер за култура од 2012 до 2020 година, е познат по својот ултрапатриотски пристап кон историјата.

За време на неговиот министерски мандат, тој го надгледуваше воведувањето на ревидирана училишна програма, која им нудеше на руските деца искривен поглед на историјата, а е познат и по тоа што се залагаше за изградба на споменици на Сталин и прогон на историчарите што ги истражуваат злосторствата во Гулагот.

Медински ја предводеше руската делегација на разговори со Украина во Истанбул минатата недела, а во јавно појавување на руската телевизија, тој се повика на Големата северна војна од 18 век за да испрати порака дека Русија е подготвена да се бори колку што е потребно.

„Големата северна војна со Шведска траеше 21 година. Петар Велики понуди мир неколку години по почетокот на војната, но Швеѓаните одговорија: „Ќе се бориме до последниот Швеѓанец““, рече Медински со потсмев.

Би можело да ве интересира

Русија бара отштета од 230 милијарди долари од „Еуроклеар“

Катерина Ѓуровски

Мерц: Путин има амбиции за обнова на Советскиот Сојуз

Руската економија со најголем пад во последните години, покажуваат бројките на Ројтерс

Путин ужива во возењето, понекогаш вози низ Москва без поворка

Зеленски за мировниот план: Ниту една страна нема да биде целосно задоволна

Триесет отсто од Русите веруваат во Дедо Мраз