(ВИДЕО) Трамп скандалозно навреди новинар: Ти си за срамота, не си доволно паметен за ова

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп не одговори на прашањата на новинарот на NBC News Питер Александар за луксузниот авион што владата на Катар планира да го донира на Соединетите држави, нарекувајќи го „ужасен новинар“ и „гад“ затоа што не поставува прашања за, како што рече, „геноцидот на белите јужноафрикански фармери“ на кои Трамп им додели статус на бегалци.

За време на билатералната средба во Овалната соба со јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса, Трамп го изненади својот гостин пуштајќи видео на кое се гледа како лидерот на левичарската опозиција Јулиус Малема извикува контроверзен слоган против апартхејдот.

Трамп тврдеше дека на снимката е прикажана масовна гробница во која биле закопани околу илјада бели Африканци, кои, според неговите зборови, биле убиени од страна на јужноафриканската влада преку расно мотивирано грабање земјиште.

Според CNN, снимката прикажана во Овалната соба всушност покажува политички споменик, а не гроб и служи како симболичен маркер за смртта на белите фармери, а не како вистински гробишта.

По неколку минути снимки, за време на кои Рамафоса непријатно го праша Трамп дали може да добие повеќе информации за наводните гробници, Питер Александар го покрена прашањето за луксузниот авион што катарското кралско семејство сака да и го подари на американската влада.

Критичарите тврдат дека таквиот подарок може да претставува форма на поткуп и кршење на клаузулата за исплати на Уставот, додека Трамп цврсто го бранеше прифаќањето на подарокот, тврдејќи дека би било „глупаво“ да се одбие таква понуда.

Александар го започна прашањето велејќи: „Господине претседателе, Министерството за одбрана објави дека ќе прифати катарски авион да се користи како „Ер Форс 1“, но Трамп го прекина извикувајќи: „Што зборуваш?!“.

Рамафоса се обиде да одговори на тврдењата за „геноцид“ на Трамп, но Трамп продолжи:

„Треба да излезете одовде. Каква врска има ова со катарскиот авион? Тие го даваат авионот на американското воено воздухопловство и тоа е одлична работа.

„Вие во Ен-Би-Си се обидувате да го одвлечете вниманието од она што штотуку го покажавме. Вие сте ужасен новинар. Прво, го немате она што е потребно за да бидете новинар. Не сте доволно паметни“, рече Трамп.

После тоа, тој уште еднаш го пофали Катар за „многу убавиот чин“ на донирање на луксузен авион и повторно повика на истрага на NBC, нејзината матична компанија Comcast и нејзиниот шеф Брајан Робертс.

Не застана тука – постојано му се враќаше на Александар, нарекувајќи го „гад“ и преправајќи се дека не го знае неговото име, додека продолжи да зборува за „теоријата на заговор за геноцидот на белите фармери“.

Во еден момент, откако Трамп повторно го повика NBC за, како што рече, „лажни вести“ за катарскиот авион, Рамафоса се сврте кон Трамп и му рече: „Жал ми е што немам авион да ви дадам“.

„Би сакал да имаш“, одговори Трамп.

Би можело да ве интересира

Путин му се доверил на Трамп: Спречивме терористички напади пред Денот на победата на 9 мај

Врховниот суд му дозволи на Трамп да депортира илјадници венецуелски мигранти

Лавров: Путин му ја потврди на Трамп целта за праведно решение во Украина

Европските лидери шокирани од изјавата на Трамп

Трамп е во офанзива, денеска ќе разговара со Путин и Зеленски

Горан Наумовски

Трамп со најава: Ќе разговарам со Путин и со Зеленски

Предраг Петровиќ