Годинашниот лауреат на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ – Куманово е актерката Весна Петрушевска, соопштија денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово.
– Со огромно задоволство соопштуваме дека лауреат на МТФ Денови на комедија 2025 е актерката Весна Петрушевска. Фестивалот и Советот на Фестивалот МТФ Денови на комедија Куманово во состав: Сања Русеска, Владанка Крстевски, Сефедин Шабани, Крсто Богојевски и Александар Крстевски доделува награда „Васил Иљоски“ на актерката Весна Петрушевска за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедијата, информираа од установата.
Наградата ќе ѝ биде врачена на денот на отворањето на Фестивалот Денови на комедија 2025, на 24 септември во големата сала на Центарот за култура Куманово.
Изминативе години лауреати на Фестивалот беа Шенка Колозова, Љубица Гојковиќ, Ѓорѓи Андов, Илија Струмениковски, Стојна Костовска, Благоја Чоревски, Коле Ангеловски, Сашко Коцев.