Официјалните лица од зоолошката градина „Evansville“ во Индијана, соопштија дека Дона, женката – најстар нилски коњ во светот, почина во својата 62 година.
Според нив таа живеела 20 години подолго од просечниот животен век на овие животни.
Директорката на зоолошката градина, изјави дека Дона била во лоша здравствена состојба и страдала од сериозен артритис, па вработените во центарот од хумани причини извршиле еутаназија.
Во овој центар за згрижување на животни Дона дојде во 1956 година, само пет години од нејзиното раѓање во Мемфис.