Македонската атлетичарка Христина Ристеска денеска учествуваше во квалификациите на трката од 400 метри на Олимпискиот стадион во Лондон. Таа не успеа да истрча со најдоброто свое време, односно оствари резултат од 1,00.86 или 2,99 секунди послабо од нејзиниот најдобар резултат во оваа дисциплина.
Во четвртата група која броеше седум натпреварувачки Ристеска беше последна, а од вкупно 47 натпреварувачки колку што ја завршија трката, македонската атлетичарка заврши на 45.то место. Оваа година нејзино најдобро остварување и е 58.98 секунди.
Утре на трката на 400 метри кај мажите ќе се појави и Кристијан Ефремов.