Мистериозната жена, која на отворањето на Олимписките игри во Лондон се најде на чело на индиската делегација им се извини на сите поради нејзиниот упад.
Мадхура Нагендра изјави за индиската телевизија НДТВ дека направила грешка со тоа што прошетала покрај носачот на знамето Сушила Кумара, на чело на делегацијата од 40 спортисти.
Нејзиното однесување ги разлути индиските власти, кои побараа од организаторите објаснување како и е дозволно да влезе меѓу спортистите.
Нагендра изјави дека таа била дел од екипата изнајмена за отворање на Олимписките игри и дека не претставувала безбедносен ризик. Таа рече дека хаосот на отворањето и возбудата ја понеле поради што завршила на чело на делегација.