Откриени нови подводни галерии во пештерата Врело

Од:

Во рамките на годинашната спелеонуркачка експедиција, Касати и Ван Дер Мулен открија две нови подводни галерии, од кои едната е на длабочина од 165 метри, како и директен пат во првата подводна галерија, кој во голема мера ќе го скрати патот на нуркањето во натамошните истражувања. Нуркачите при истражувањата се соочија со отежнати услови на терен поради заматеност на водата.

Касати и Ван Дер Мулен ја предводеа годинешната експедиција составена од интернационални стручњаци за спелеолошко нуркање од Белгија, Франција и од Италија, како и од македонските нуркачи и членови на спелеолошкото друштво „Врело“, Кире Ангелески и Бојан Петковски.

Касати во името на спелеонуркачата експедиција изрази благодарност до Градот Скопје за континуираната поддршка за научните истражувања на „Врело“.

Градот Скопје, е главниот покровител на оваа експедиција, а од 2009 до 2012 година и најголем финансиер. Со помош на Град Скопје е уреден пристапот кон пештерата, обезбедени се услови и опрема за нуркачите, коишто во 2010 година се спуштија на длабочина од 212 метри.

Би можело да ве интересира

Старнавски повторно ќе нурка во пештерата Врело на Матка

Наум Локоски

Срушен рекордот на Казати во пештерата Врело

Полски нуркач ќе го руши рекордот на Казати во пештерата Врело

Предраг Петровиќ

Продолжува истражувањето на пештерата Врело

Ана Ололовска

ВИДЕО: Продолжува подводното истражување на пештерата Врело

Ана Ололовска

ФОТО: Во водите на Матка пронајдени остатоци од црква

Емир Латифовиќ