Излив на емоции: Кралска прегратка за златото во велосипедизам

Од:

Кралската британска двојка, војводата и војвотката од Кембриџ одамна се миленици на медиумите и фотографите кои ги следат во секој чекор. Тие вчера фотографите на Олимписките игри ги почестија со излив на емоции, каков досега не е виден од принцот Вилијам и принцезата Кејт.

Кејт Миделтон на радост на сите присутни му се нурна во прегратка на својот сопруг, славејќи уште еден златен медал за тимот на Велика Британија но и соборувањето на светскиот рекорд во велосипедизам. Фотографиите само покажуваат колкаво беше задоволството кај Кејт и Вилијам, од успехот на нивните сонародници Сер Крис Хој, Филип Хиџенс и Џејсон Кени на велодромот во западен Лондон.

Несомнено ако олимпискиот тим на Велика Британија планира да подели медали за најверни навивачи, златото треба да појде во рацете на кралската двојка.

Тие вчера откако ентузијастички навиваа за Енди Мареј на тениското игралиште Вимблдон, од јужен појдоа во западен Лондон. Двојката во трка со времето го пресече градот за да ги почести со навивање и велосипедистите. Стилската икона Кејт дури најде време да се преслече од фустан на Стела Макартни во спортска бела поло маица, која е направена за припадниците на олимпискиот тим.

Заљубениот пар ВИП ложата ја делеше со помалиот брат на Вилијам, принцот Хари и британскиот премиер Дејвид Камерон.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?