Сиљановска треба да го објави предлогот на нов гувернер на Народна банка

Од:

Се очекува да биде објавен предлогот за нов гувернер на Народната банка од страна на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска истекува утре, но законот пропишува таа да ја врши функцијата до изборот на нов гувернер.

Претседателката Сиљановска-Давкова вчера изјави дека името на новиот гувернер ќе биде познато наскоро.

– Не го кажувам прво името пред новинарите, се надевам дека не се лутите, но веќе мислам дека знам. Со право се создаде дебата и прашања, но сепак мислам дека е нешто што треба да се практикува за секоја функција – да седнете со сите кои се споменуваат и да разговарате. Да ги прашате што мислат за другите или што мисли дека тој ќе направи, а не е направено…Уште повеќе би сакала да има повеќе кандидати, но, тоа не е можно секогаш, изјави вчера Сиљановска-Давкова.

Меѓу тројцата најсериозни кандидати за оваа функција се споменуваат актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, професорот на Економскиот факултет во Скопје Трајко Славески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, изјави дека очекува новиот гувернер да работи на одржување на макроекономската стабилност и да биде двигател на позитивните економски текови.

– Да почекаме да видиме кој ќе биде предлогот во Собранието доставен од страна на Кабинетот на претседателката, рече Мицкоски.

Ангеловска Бежоска стапи на функцијата на 22 мај 2018 година.

Функцијата гувернер на централната банка пред Ангеловска Бежовска ја извршуваше Димитар Богов (2011-2018), а претходно Петар Гошев (2004-2011), Љубе Трпески (1997-2004) и Борко Станоевски (1986-1997).

Би можело да ве интересира

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за третиот квартал од 2025 година

Филипче: Сиљановска ја избра најкорупмпираната власт која ја носи Македонија во изолација

Ако има решение за Украина, ЕУ ќе најде и за Македонија, порача претседателката Сиљановска

Катерина Ѓуровски

Сиљановска Давкова: Можни се излезни решенија за ЕУ, но историјата, културата и јазикот мора да се тргнат од критериумите

Сиљановска – Давкова: Да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество и одново да ги научиме доблестите на св. Климент што ја одржуваат заедницата

Јавна расправа за извештајот ДЗР кој алармира: Недостатоци во спроведувањето на Истанбулската конвенција излегуваат на површина