Едно 22-годишно момче од Австралија на Фејсбук објавил порака со која ги повикува другите мажи да ги оценуваат сексуалните изведби на своите жени и девојки од централниот дел на покраината Викториа, за што добил две години забрана за пристап на социјалната мрежа и половина година затвор.
Пораката е напишана минатата година, а во тој период повеќе лица почнале да ги коментираат своите партнерки. Навредливите коментари не биле ретки, а најмладата „жртва“ имала само 16 години.
Се е откриено откако една жена и се пожалила на полицијата поради навредливите коментари на нејзина сметка.
Освен 22-годишното момче обвинети се уште неколу лица, а на нив ќе им се суди кон крајот на месецов.