Претседателот на Србија Томислав Николиќ предлага национален консензус за Косово и изрази намера да разговара со претставниците на владата и опозицијата како и со Србите јужно и северно од Ибар, бидејќи како што кажа, сака „Србија конечно да заземе став што сака“.
Тој најави дека косовските Албанци ќе им понуди суштинска автономија-да живеат како Германците во Италија и во Белгија.
„Ќе предложам да живеат како Германците во Италија и во Белгија. Без одлука на Германците, нема одлука на белгискиот парламент. Зарем е тоа малку, рече Николиќ.