Мицкоски: Многу е важно да се гради Македонија насекаде, не е важно кој градоначалник од каде е

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Делчево, каде присуствуваше на увид во градежните активности за реконструкција на улици во населбата Ново Делчево, изрази жалење што на настанот не е присутен градоначалникот на Делчево кој е од редовите на СДСМ.

– Многу е важно да се гради Македонија насекаде, не е важно кој градоначалник од каде е, не е важно дали е од редовите на Владата или е од редовите на опозицијата. Жалам што денеска градоначалникот на Делчево не е со нас за да покажеме дека кога нешто убаво се прави, без разлика што сме од различни политички опции, треба да сме заедно бидејќи ова се проекти за граѓаните, изјави Мицкоски.

Изрази надеж дека се работи за момент на слабост на СДСМ и дека на идните настани на кои ќе бидат промовирани проекти за граѓаните, ќе бидат присутни и градоначалниците од опозицијата.

– Се надевам дека ова е само еден момент на слабост за СДСМ и дека во другите општини каде има градоначалници од СДСМ или од опозицијата кога ќе појдеме да ги промовираме проектите за граѓаните, ќе имаме градоначалници кои сега се во опозиција, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за демографијата: Создавањето семејство е патриотски чин и денес така се брани иднината на Македонија

Мицкоски: Времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато, денес секој денар се гледа на терен, во нова улица, нов натпатник, продолжуваме да градиме

Со заедничка резолуција во Европскиот парламент ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија, вели Мицкоски

Мицкоски за разрешувањето на Димитровска: Имам чувство дека има поединци кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски излажа за „Алказар” – Македонија ќе ги распродава природните ресурси на странци и ќе нема никаков ќар

СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

Горан Наумовски