Захарова: Украина да одлучи дали ќе ги продолжи преговорите

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека Украина треба да одлучи дали преговорите ќе продолжат.

На редовниот неделен брифинг, таа рече дека Киев мора да одлучи дали да соработува во изготвувањето на меморандумот што треба да претходи на идниот мировен договор.

Захарова додаде дека, според руското толкување, европските сојузници на Украина се обиделе – и не успеале – да спречат директен дијалог меѓу Киев и Москва.

Изјавата на Захарова доаѓа еден ден по двочасовниот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп. По тој разговор, Путин рече дека Москва е подготвена да соработува со Киев за да изготви меморандум што ќе служи како основа за иден мировен договор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најмалку шестмина загинаа во украински напади во магацин на „рускиот Амазон“

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

Порака од Москва: Русија е подготвена за преговори

Русите уништија американска фабрика за дронови во Киев

Велика Британија и Германија го осудуваат рускиот напад врз Украина: Москва останува закана

Подубни: Киев ја плаќа цената на присилната мобилизација

Горан Наумовски