ВМРО-ДПМНЕ: СДС многу се исплашени поради борбата против криминалот

Од:

Очигледно СДС се жестоко исплашени поради борбата против криминалот, чим излегуваат на прес конференции со лаги и конструкции. Ним не им е проблемот начинот на избор на Александар Јанев кој е законски, туку работата и борбата против криминалот на Јанев и министерот Тошковски, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во тој контекст разбирлив е стравот на СДС од функционирањето на Јанев, БЈБ и МВР, затоа што ако не беше оваа нивна прес конференција Кузеска ќе требаше да одговори каде е нивниот директор, Васко Ковачевски кој е и официјално во бегство, како нивниот лидер Филипче и другиот лидер во сенка Заев стигнаа до златни визи во Дубаи, од каде се парите за тоа и колку чини целиот бизнис? И зошто не поддржаа ниту една акција на МВР во борбата против криминалот? СДС е синоним за криминал, неспособност и предавства“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра