Олимписки автобус усмрти велосипедист во Лондон

Од:

Автобус од возниот парк за потребите на Олимписките Игри во Лондон, кој се користи за превезување на гостите на Олимпијадата, предизвика сообраќајна несреќа во која загина еден лондонски велосипедист.

Несреќата се случи синоќа во источнолондонската општина Хакни, во непосредна близина на Олимпискиот Парк. На помош беше повикана хеликоптерска брза помош за да му се помогне на велосипедистот, но лекарите кои набргу стигнаа на местото на инцидентот можеа само да констатираат дека тој починал веднаш по ударот со автобусот.

Идентитетот на жртвата не е соопштен, освен што е потврдено дека станува збор за маж на триесетина години. Полицијата не дава детали за тоа како дошло до сударот, но го уапси возачот на автобусот.

Возилото превезувало претставници на медиумите од разни земји во светот, а претставник на Организацискиот комитет на Игрите денеска изрази жалење поради инцидентот во кој загина човек.

Британскиот велосипедист Бредли Вигинс, кој вчера освои златен медал во трката на хронометар, а пред една недела победи на „Тур де Франс“, изјави дека велосипедизмот е опасен спорт. Тој побара построги прописи при возењето на велосипед низ патиштата и низ Лондон, со задолжително носење кацига, како и забрана на слушање музика во текот на возењето.

Построгите прописи може да спасат многу животи на британските патишта и по улиците на градовите, истакна олимпискиот шампион.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он