Црногорската полиција на аеродромот во Тиват уапси 63-годишна руска државјанка од Санкт Петерсбург, која се обидела од Црна Гора да изнесе 11 парчиња огнено оружје, главно трофејни.
Полициската управа соопшти дека при контрола на багажот на Русинката биле пронајдени 10 трофејни револвери и еден модерен пиштол.
Патничката е уапсена и против неа е поднесена кривична пријава до надлежниот обвинител поради основано сомнение дека извршила кривично дело недозволено чување на оружје, соопшти црногорската полиција.