Над 20 амбасадори на сенародниот собир на Мечкин Камен

Од:

На сенародниот собир на Мечкин Камен по повод 109 годишнината од Илинденското востание почит кон Македонија и националниот празник, изразија 20-ина амбасадори и претставници на дипломатските претставништва во Македонија.

Тие положија венци и свежи цвеќиња на споменикот на Мечкин Камен, оддавајќи им почит на загинатите Илинденци.

На прославата, меѓу другите присуствуваа амбасадорите на САД Пол Волерс, на Велика Британија Кристофер Ивон, на Кралството Холандија Мариет Шурман, на Германија Гудрун Штајнакер и повеќе акредитирани воени аташеа.

На чествувањето пристигнаа и коњаниците од Горно Лисиче, од Бигорскиот манастир и коњаниците од Илинденски марш, пешадија „Христо Узунов” од Охрид.

На Мечкин Камен беа Македонци од целата држава, како и голем број наши иселеници.

Ѓорѓи Мечаров прв пат доаѓа од Перт, Австралија и е радосен поради тоа.

Прв пат доаѓам со семејството. Егејци сме. Си дојдовме да го прославиме празникот. И во Австралија ги прославуваме празниците и никој не не запира. Сега сме во татковината и убаво е, вели Мечкаров.

Кристина Огненова е по потекло од Лерин, егејско, а сега живее во Канада. Секоја година за Илинден со семејството е во Македонија, а за Илинден на Мечкин Камен. Така е и годинава и традицијата, потенцира, нема да ја прекине.

Би можело да ве интересира

Апасиев положи цвеќе на Прохор Пчински за јубилејниот АСНОМ

Предраг Петровиќ

Министерството за човекови и малцински права им го честита Илинден на Македонците во Србија

Мицкоски: Прогласувам мораториум на разговори на теми кои делат и ги злоупотребуваат етничките прашања, ги повикувам сите лидери да зборуваме за она што решава проблеми, економијата, образование, иновации

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

„Борбата трае“ ќе биде мотото на државната прослава на 2 Август