Три лица се уапсени во јужна Шпанија поради сомнение дека и припаѓаат на терористичката организација Ал Каеда, јавија шпанските медиуми, повикувајќи се на изјави на претставници на полицијата.
Во полициската операција во Кадис и Сиудад Реал се уапсени двајца Чеченци и еден Турчин. Кај уапсените е пронајден експлозив.
Шпанското Министерство за внатрешни работи се уште не ја потврди оваа информација, но министерот за денеска најави прес-конференција.
Во серија терористички напади на системот за јавен превоз во Мадрид на 11 март 2004 година, кои се припишуваат на Ал Каеда, загинаа 191 лице.