„Макрон се мешаше во изборите во Романија“ тврди рускиот амбасадор во Букурешт

Од:

Забележано е странско мешање во претседателските избори одржани во Романија, но неговиот извор не беше Русија, туку Западот, особено францускиот претседател Емануел Макрон.

Ова го изјави рускиот амбасадор во Букурешт – Владимир Липаев за тв каналот „Русија 24“.

– Навистина имаше странско мешање во романските избори, но не и од Русија. Извесно е дека Макрон се вмешал во изборите, тоа е неспорно, бидејќи францускиот претседател буквално два дена пред изборите активно комуницирал со Никушор Дан (градоначалникот на Букурешт) и ја изразил својата целосна поддршка и солидарност – рече амбасадорот.

Тој додаде дека и многу други западни лидери го поддржуваат Дан.

Според рускиот амбасадор, Романија ќе продолжи да се држи до својот антируски став и по победата на Дан на претседателските избори.

– Нема промена во политичките елити, на власт остана истата владејачка група, се сменија само актерите. Романија најверојатно ќе го продолжи антирускиот курс, поддршката за Украина, ќе ги следи надворешнополитичките насоки кои ќе бидат дизајнирани во Вашингтон или Брисел – заклучи Липаев.

Претходно денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментираше дека тоа што европските земји Франција, Германија и Велика Британија се мешаат во внатрешните работи на други земји не е ново.

Тој додаде дека претседателските избори во Романија биле, благо кажано, „чудни“, бидејќи не им било дозволено да учествуваат на сите кандидати.

Би можело да ве интересира

Естонија: Руските напади не треба да се нарекуваат хибридни, туку терористички

А1он

Русија предупреди: Секој напад на Калининград од Британија или НАТО ќе биде одвратен со сите средства, вклучително и нуклеарно оружје

Откриен планот на Трамп за Русија

Предраг Петровиќ

Русија тестираше ласер за неутрализирање на дронови

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) На работ на пропаст: Нема храна, вода ни лекови, луѓето од очај јадат трева

(ВИДЕО) Парализа на Украина: Русите отворија нов фронт