Премиерот на Шпанија: Израел да не учествува на Евровизија

Од:

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска повика Израел да биде исклучен од меѓународните културни настани како што е Изборот за песна на Евровизија поради неговата воена кампања во Газа, исто како што на Русија и беше забрането тоа да го прави по инвазијата на Украина.

„Не можеме да дозволиме двојни стандарди, дури и во културата“, рече Санчез, социјалист и долгогодишен критичар на политиката на Израел на окупираната палестинска територија.

„Верувам дека никој не беше шокиран пред три години кога Русија беше исклучена од меѓународните натпревари како што е Евровизија, откако ја нападна Украина. Затоа, ниту Израел не треба да учествува“, рече тој.

Санчез ги повика уметниците да застанат во одбрана на вредностите како демократијата и мирот, критикувајќи ги оние кои го бранат, како што вели, благ и тивок културен сектор.

Израелското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар за изјавите на Санчез.

Изборот за песна на Евровизија, кој ја нагласува својата политичка неутралност, повторно се соочи со контроверзии за време на финалето во Швајцарија.

Победи Австрија, а Израелката Јувал Рафаел освои најмногу гласови од публиката.

Би можело да ве интересира

Израел e загрижен, Нетанјаху бара итна средба со Трамп

„Лош договор!“ Израел со жесток удар по сојузот меѓу САД и Иран

Горан Наумовски

Израел му пркоси на Трамп: Договорот не важи за нас, нема да се повлечеме од Либан

Горан Наумовски

Трамп бесен по израелскиот напад врз Бејрут: „Не требаше ова да се случи“

A1on

Нетанјаху изрази оптимизам во врска со потенцијалниот договор меѓу САД и Иран

Нетанјаху: Израел не е во војна со Либанците, ние се бориме против Хезболах и Иран