Примиерот Никола Груевски за денешниот празник повика на обединување кон нови успеси на Македонија која како што рече оди напред и ќе продолжи по тој пат . Тој во говорот пред споменикот на Методија Андонов Ченто на скопскиот плоштад рече дека Македонија продолжува да чекори во духот на идеите и идеалите на илинденците кон нови успеси.
„Ченто беше голем борец , жестоко се залагаше за Илинденските идеали, заврши во затвор една деценија, цел еден период го избришаа, забранија и името да му се спомнува. Сега можеме да кажеме Македонија е слободна, сами одлучуваме, не зависиме од ниедна балканска престолнина.
Македонија оди напред, а ние ќе успееме како шти успееа илинденците. Премногу долго Македонија беше на маргините, премногу тапкаше во место.
Не може, а да не се запрашаме зашто 60 години не можевме да изградиме споменик на Ченто, рече тој.
Според премиерот, голем дел од предизвиците се надминати.
„Во изминативе години се зложивме со цел капацитет за подоброто на сите граѓани, работевме, и многу и направивме. Со напорна работа успевме да реализираме проекти кои имаат корист за народот, секоја година сме меѓу најдобрите реформатори во светот, имаме најмал долг, денарот е стабилна валута, а девизните резерви највисоки. Овие услови водат кон нови инвестиции, кон нови вработувања“, рече Груевски.
Ја намаливме невработеноста, создадвме услови за вработувања на 10.000 лица преку странските инвестиции, ги реформиравме цивилните столбови на општеството. Даваме бесплатни учебници, градиме спортски сали, се преведуваат најреномирани стручни наслови, во здравството донесовме најосвремена технологија, ги поефтинуваме лековите, во судството се спроведоа реформи , воведено е оценување на судиите кое води кон поголема заштита на граѓаните, започнат е циклус на инфраструктурни инвестиции, капиталните инвестиции растат од година на година, се градат водоводи, станови, нови објкети , се градат патишта, енергетски објекти“, рече Груевски.
Тој се заложи за ефективно лидерство, со фокус на управувањето на економијата и предизивикот на невработеноста која како што кажа на оваа власт и ја оставиле од од 90 те години.
Груевски најави нови инвестиции, пред се изградба на транспортна инфраструктира во патната и железничката мрежа, енергетска стабилност на долг период, и како што рече комплетен гасоводен систем во државава.