Македонската правослвна црква денеска со света архијерејска литургија ќе ја објави одлуката на Светиот архиерејски синод на МПЦ за впишување во списокот на светиите на светите Пречистански преподобномаченици, Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј.
На Малиот вход првпат ќе биде изнесена иконата на светите Пречистански преподобномаченици и архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан со неа ќе ги благослови присутните верници.
Oваа канонизација на светите преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј маченички пострадани во манастирот „Св.Богородица Пречиста“ е дел од настаните по повод одбележувањето на 45-годишнината од прогласувањето на возобновената автокефалност на Охридската архиепископија како Македонска православна црква.
Ќе биде извршено и осветување и положување на камен-темелник за манастирски конак со параклис посветен на Преподобномачениците.