ЛДП: Алармантна е состојбата во Градскиот парк

Од:

Обраснати грмушки, неискосена трева, запуштени езерца, неискастрени дрвја и расфрлани отпадоци – ова е сликата која ги пречекува скопјани секој ден кога ќе одлучат да го посетат Градскиот парк во Скопје, велат од ЛДП.

– Неспособноста не само на актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, туку и на целото градско раководство, уште еднаш излегува на површина со несреќната состојба во која се наоѓа Градскиот парк во пролет, кога и е најпосетен.

Наместо простор за одмор и рекреација на граѓаните, од кои голем дел се родители со бебешки колички и мали деца, најголемиот парк во градот е оставен обраснат со треви и потсетува повеќе на џунгла, отколку на современ „градски парк“.

Градската организација ЛДП Скопје во континуитет потсетува и алармира на пропустите во работењето на актуелното градско раководство, без разлика дали станува збор за степенот на нехигиена, поморот на животни Зоолошката градина или севкупно, генералната состојба во која се наоѓа Скопје.

Неспособноста и неработењето на градското раководство во Скопје се аргумент плус во насока на предлогот за враќање на одредбата за референдумско отповикување на градоначалници, предлог кој Либерално-демократската партија активно го застапува преку јавни настапи и учества и организација на панел дискусии и трибини во повеќе градови во државата. Измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа, кои веќе се наоѓаат во собраниска процедура, предвидуваат воведување на механизмот за отповикување на градоначалник, по што веќе нема да има законски заштитени функционери, без одговорност и отчетност пред своите гласачи.

Го повикуваме Град Скопје и јавното претпријатие „Паркови и Зеленило“, како надлежни за одржувањето на Градскиот парк, во најбрз можен рок да го искосат обраснатото зеленило и да им овозможат пријатен и нормален престој на сите посетители во паркот, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Граѓаните добиваат моќ:,Владата ја прифаќа нашата иницијатива за референдумско отповикување

Почина Филип Аврамчев

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ