Владата се загуби на патот кон ЕУ, Албанците се маргинализираат, Таравари најдоцна за два дена ќе каже дали излегува од Владата

Од:

Лидерот на крилото на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари најави дека партиските органи ќе одлучат за излегувањето од владината коалиција и оти конечната одлука ќе биде соопштена наредниве два дена. Најави дека ќе разговара лично со премиерот Христијан Мицкоски за јасно и точно да му каже за одлуката.

Во коалицијата, оцени Таравари, „не добиле поддршка за промените кои Албанците ги барале и очекувале“.

– Владата некако се изгуби на патот кон ЕУ. Гледате, состојбата во државната администрација, има извонредна маргинализација и тенденција Албанците да бидат маргинализирани. Алијанса за Албанците утре или задутре ќе решаваат за излегување од Владата. Кога сите трчаат да влезат во Владата, ние сме навикнати да ја напуштаме Владата. Ја напуштаме Владата за да се вратиме посилни, особено во локалната самоуправа, а потоа и во централната власт, рече Таравари.

Тој дополни дека „не сака да бидат марионети во Влада и членовите и активистите на нивната партија да мислат дека не се грижат за нивните интереси“.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, синоќа официјално ја промовираше кандидатурата на Исен Шабани за градоначалник на Врапчиште. Шабани ќе се кандидира за трет мандат на локалните избори што ќе се одржат во октомври. На собирот одржан со жителите од оваа полошка општина, Таравари ги истакна посветеноста и резултатите на Шабани и искажа уверување дека тој е најдобриот избор за продолжување на развојот на општината. Кандидатот за градоначалник пак напомена дека причината за неговото повторно номинирање се самите жители на оваа општина, кои, како што рече, му даваат поттик да продолжи да работи. Во оваа прилика, тој спомена дел од инвестициите направени во рок од 8 години, притоа наведувајќи дека акцентот е ставен на образованието.

Таравари, коментирајќи ја вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, оцени дека премиерот изминатиот период бил под голем притисок и оти му е жал што станал жртва на некои „уверувања“. Мицкоски вчера оцени дека Владата е стабилна, има огромно мнозинство и е фокусирана на реформската агенда и испорака на проекти и нјави дека неделава се очекува да има завршна средба со министерот за здравство Арбен Таравари, на која ќе биде сумирано се што е направено.

На 5 мај Мицкоски и Таравари остварија средба, која беше закажана по превирањата во коалицијата „Вреди“ и тврдењата за соработка на Таравари со ДУИ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Застојот во борбата со корупцијата е поради Обвинителството, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Со Рамковниот не беа најсреќни ниту Македонците ниту Албанците, но донесе мир и стабилност

Мицкоски: Кој ќе згреши ќе одговара, без разлика дали е во некоја политичка партија

Подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски ја враќа земјата 30 години нaзад со дискриминација и мајоризација, реагира ДУИ

Услугите се генератор на инфлацијата, зголемените плати и пензиите прават притисок врз побарувачката, вели премиерот

Катерина Ѓуровски