Чешка не му верува на Путин, продолжи да испорачува муниција за Украина

Од:

Чешкиот премиер Петр Фијала изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин бара само изговори за да го избегне примирјето предложено од Украина и затоа Чешка продолжува со иницијативата за муниција, во која посредува во снабдувањето на Украина со артилериска муниција од трети земји.

„Додека Украина е подготвена за целосно примирје поддржано и од Европа и од САД, Владимир Путин го одбива и повторно бара начини да го избегне. Повторно покажува кој сака војна, а кој сака мир. Притисокот врз Москва мора да продолжи, тоа е единствениот начин да се стави крај на страдањата на милиони луѓе“, изјави денеска Фијала.

Премиерот Фијала додаде дека заедничката цел на „коалицијата на волните“, дел од земјите на ЕУ, а со нив и Велика Британија, е да изврши што поголем притисок за Русија да се согласи на праведен и траен мир.

„Патот до тоа е да и помогнеме на украинската армија. Затоа ја продолжуваме Иницијативата за муниција, зголемувајќи ги капацитетите за обука на украинските пилоти, доставувајќи тешка воена опрема на бојното поле“, рече Фијала.

Би можело да ве интересира

Млада Украинка загина при руските воздушни напади додека ги засолнуваше синовите

А1он

Руски семејства контактираат со Украина, си ги бараат исчезнатите синови – војници

Мерц неуспешно го убедуваше Маѓар да го промени ставот за Украина

16 лица се убиени во руските напади врз Киев и Днепар

Украински дронови го погодија Санкт Петербург во пресрет на клучниот економски форум

Горан Наумовски

Платеници од Германија и Велика Британија се убиени во Запорожје