ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира, Филипче признава дека има златна виза во Дубаи

Од:

Венко демантира, Филипче признава. Откако пред неколку недели, Венко демантираше дека имал златна виза во Дубаи, Филипче сега веќе си признава дека имал златна виза. Венко прво рече дека нема виза, па Филипче рече дека имал виза, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат „Венко рече дека визата му била обична како и на обичен граѓанин, па Филипче призна дека визата била златна. Венко рече дека златната виза не му била поврзана со Дубаи, па Филипче рече дека била за преговарање со болница. И Венко и Филипче, јавно треба да му одговорат на македонскиот народ“.

„Како се добива златна виза за преговори? Зошто визата ја криел? Зошто нема ниту еден доказ за постоење на каква било приватна болница поврзана со него? Во кое својство преговарал – како министер, пратеник, партиски функционер или приватен бизнисмен? Доколку визата не е заради инвестиции, тогаш за што е? И што точно е ставено на „стенд бај“ – некоја болница или нечија совест?“ прашуваат од владејачката партија.

Партискиот став е „Додека македонското здравство тонеше, Венко Филипче во Дубаи преговарал за „приватни’’ потреби. Венко Филипче, Заев и СДС, се синоним за неспособност, криминал и предавство“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Венко Филипче е инсталација на БИА, како што се неговите луѓе фатени како соработници и шпиони?

Филипче тврди дека ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ договориле блокада на Собранието со цел предвремени избори

Предраг Петровиќ

Филипче: Повикувам на мобилизација, да со спречиме Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

ВИДЕО: Мицкоски има две третини во Собранието, не му треба СДСМ за предвремени избори, не влегуваме во таа игранка, порача Филипче

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он