Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

Од:

Заменик-премиерот на Кина Хе Липенг утрово во Женева разговарал со американскиот министер за финансии Скот Бесант за ублажување на трговската војна која ја нарушува глобалната економија, објави кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Бесент и американскиот трговски претставник Џејмисон Грир се состанаа со кинеските власти по неколкунеделните зголемени тензии поради американскиот претседател Доналд Трамп кој ги зголеми царините за кинески стоки за повеќе од 100 отсто.

Трговскиот спор, заедно со одлуката на Трамп минатиот месец да воведе царини за десетици други земји, ги наруши синџирите на снабдување, ги потресе финансиските пазари и ги зголеми стравувањата од нагло економско забавување.

Трамп во петокот рече дека царината од 80 отсто за кинески стоки „изгледа правилно“, сугерирајќи за првпат специфична алтернатива на царините од 145 отсто што ги воведе на увезената кинеска стока.

Локацијата на средбата е тајна, но очевидец видел повеќе од десетина полициски возила пред приватна резиденција во предградието на Женева.

Забележани се комбиња на Мерцедес со затемнети стакла како излегуваат од хотелот на брегот на Женевското езеро каде што престојувала кинеската делегација.

Пред тоа од нивниот хотел излезе и американската делегација со Бесент и Грир.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Иран може да уништи град, Лос Анџелес или Сан Диего би биле мала цена

Катерина Ѓуровски

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

ВИДЕО: Трамп се закани со ограничување на извозот на дизел од САД, бара Европа да ослободи резерви

Седум сојузни американски држави го тужат Трамп

ВИДЕО: Трамп објави „морално обврзувачки“ договор со Google, Meta, OpenAI и Маск

ВИДЕО: Трамп вели дека „Канада е една од најлошите земји во светот“