ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Од:

Полицијата го уапсила напаѓачот што синоќа уби студент во кафуле во ценатарот на Штип. Пронајдено е и неговото оружје со кое е извршено кривичното дело, информираат од Обвинителството. Полицијата извести дека се приведени и четворица, исто така турски државјани кои му помогнале во бегството.

– Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е уапсено. Пронајдено е и оружјето. Во текот на денот ќе следи постапка, се вели во информацијата од ОЈО.

-На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот плоштад во Штип било пукано со пиштол кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило. Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал.По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, во близина на наплатна рампа Миладиновци, полициски службеници од слобода ги лишиле К.К.(21) од Република Турција зa кој постои сомнение дека е сторител на делото, како и А.Х.(22), Т.М.(22), О.М.(29) и А.О.(28), сите од Република Турција, поради сомнение дека му помогнале на К.К. да побегне од местото.

Имено, во 22.15 часот на наплатната рампа Миладиновци, во заедничка акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција, било запрено патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле А.Х., Т.М., О.М. и А.О., при што А.Х. се дал во бегство, а другите лица биле лишени од слобода. Набргу, по преземени мерки, тој и сторителот К.К. биле пронајдени и лишени од слобода.
Сите лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

МВР: Оружен инцидент во Арачиново, ранет е 48-годишен маж

Горан Наумовски

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Ужас во Швајцарија: Убиено едно лице, петмина ранети во пукање на рејв забава

Предраг Петровиќ

Крвав семеен конфликт во Велико Градиште: Полицаец уби зет и 19-годишна внука, па се самоуби

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски