(ВИДЕО) Црн чад од Сикстинската капела, новиот папа се уште не е избран

Од:

Од оџакот, кој за оваа прилика беше поставен на покривот на Сикстинската капела во Ватикан, се појави црн чад, што е знак дека 1,4 милијарди католици во светот не добија нов поглавар.

Претходно попладнево започна конклавата на која 133 кардинали помлади од 80 години го избираат 267-от поглавар на Римокатоличката црква.

Меѓу фаворитите за нов папа се државниот секретар на Ватикан – Пјетро Паролин, шефот на Италијанската бискупска конференција (ЦЕИ) – Матео Купи од Болоња, Петер Турксон од Гана и Филипинецот Луис Антонио Тагле.

Претходните две конклави, во 2005 и 2013 година, траеја по само два дена.

Папата Франциск беше избран на конклавата во 2013 година по два дена гласање, а почина на 21 април на 89-годишна возраст и беше погребан во римската базилика Санта Марија Маџоре.

Конклавата продолжува утре, а првото гласање се очекува пред пладне. Во случај некој од кардиналите да го добие потребното двотретинско мнозинство гласови, од оџакот на Сикстинската капела ќе се појави бел чад, а ќе бијат и камбаните на базиликата Свети Петар во Рим.

Би можело да ве интересира

Американецот Роберт Превост е новиот папа, неговото име е Лав XIV

ВИДЕО: Црн чад, не е избран папа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Папа не е избран, кардиналите повторно гласаат денеска

(ВИДЕО) Филипинскиот кардинал кој пее и танцува е вирален хит, фаворит е за нов папа

А1он

ВИДЕО: Кардиналите попладне влегуваат во конклавата, почнува изборот на нов папа

ВИДЕО: Конклавата почнува утре, двајца фаворити за нов папа