Нашиот сончев систем може да има близнаци, бидејќи во негова близина се наоѓа уште еден систем со ѕвезда како Сонцето и девет планети.
Тоа значи дека новиот сончев систем сепак има една планета повеќе во однос на нашиот, бидејќи џуџестата Плутон го загуби статусот на планета во 2006 година.
Во новиот извештај објавен во магазинот Astronomy and Astrophysics, астрономот Мико Туоми повторно ги анализираше податоците на ѕвездата ХД 10180 со прецизна камера HARPS монтирана на телескоп во Чиле.
Ѕвездата е проучувана неколку години. Од Земјата е оддалечена 130 светлосни години, релативно е блиску и е посјајна и полесна за истражување.
Со неодамнешните истражувања откриено е дека околу ѕвездата, која е соѕвездие на Hydrus, се наоѓаат шест а можеби и седум планети. Со последното истражување е потврдено дека постои седма планета, како и дополнителни две планети кои кружат околу неа.
Планетите драстично се разликуваат по големина, а тука е и една која е 65 пати потешка од Земјата, додека една само 1,4 пати потешка од нашата планета. Таа воедно е и најмала која е откриена надвор од нашиот сончев систем.
Двете новооткриени планети се 1,9 и 5,1 пати потешки од Земјата, а поради тоа спаѓаат во категоријата суперземји. На помалите планети им е потребно околу 10 дена да го поминат патот околу ѕвездата, а на големите 68 дена.
Другите сончеви системи обично имаат четири или помалку планети кои кружат околу ѕвездата.