Пливачот Мајкл Фелпс со 19 медали, 15 златни, две сребрени и две бронзени стана најуспешниот учесник во историјата на Олимписките игри.
Тој на четвртиот ден од ЛОИ во Лондон стигна до злато (4х200 метри слободно) и до среброто (200 пеперутка) и го сруши рекордот на руската гимнастичарка Лариса Латинина што траеше од 1964 година.
На трката на 200 метри пеперутка беше поразен во финишот од Јужноафриканецот Чад Ле Клос.
16-годишната сензација од Кина, Је Шивен го освои второто злато со победа на 200 метри мешано со нов олимписки рекорд од 2:07.57 минути.
Златен медал со олимписки рекорд освои и Американската Алисон Шмит на 200 метри слободно со време од 1:53.68 минута.