СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

Од:

Граѓаните се соочуваат со нови ценовни шокови по маркетите и продавниците. Цените повторно се покачени по истекот на мерката за замрзнати маржи. Храната и производите кои и со замрзнатите маржи не беа достапни за граѓаните – денес се уште поскапи, рече на прес конференција Лолита Ристова од СДСМ.

– Маслото за јадење е покачено од 89 на 92 денари, млекото над 72 денари, покачени се цените на јајцата, месото, сирењето, соковите. Средствата за хигиена поскапеа дури и за 60 проценти. Пропадна т.н. есенска кошничка. Пропадна новогодишната кошничка. Пропаднаа и замрзнатите маржи. Цените продолжуваат да растат. Животот во Македонија станува се поскап, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, се мислат дали да платат сметки овој месец или да купат храна. Платите им се премали и не им стигнуваат ни до 15 ти во месецот. Синдикалната кошничка е покачена, за едно четиричлено семејство, потребни се најмалку 62.700 денари месечно. Ниту три минимални плати не го покриваат тој минимален износ. Бараме власта веднаш да се откаже од штетните економски политики и да ги прифати предлозите на СДСМ кои ќе значат вистинско намалување на цените и покачување на платите, вели Ристова.

Би можело да ве интересира

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош