Мајката се породила дома, мртво новороденче донесено на Детска клиника

Од:

Од Детската клиника про Комплексот „Мајка Терезе“, вечра било пријавено во полиција дека кај нив е донесено починато новороденче. Според информациите од МВР, 25-годишна жена се породила дома по што таа и бебето биле донесени на Клиниката. Лекар констатирал смрт.

– На 04.05.2025 во 07.15 часот во СВР Скопје, од Детската клиника при Комплексот клиники „Мајка Tереза“ во Скопје било пријавено дека околу 06.20 часот кај нив било донесено мртво новороденче. Лекар констатирал смрт, а, според пријавеното, 25-годишната мајка од Скопје во раните утрински часови се породила во својот дом во Скопје, по што таа и бебето биле пренесена на клиниката, извести МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а телото на бебето било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Мемеди: Во стабилна состојба e детето затруено со таблети

Горан Наумовски

Петгодишно дете испило таблети за спиење, итно е пренесено на Детската клиника во Скопје

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Во Подгорица: Тело на машко бебе најдено во корпа за отпадоци

Инспекторатот не утврди недостатоци при третманот на деветгодишното дете почина во вторникот

Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детска клиника