Нетанјаху вети дека ќе им се одмазди на јеменските Хути

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес вети дека ќе им се одмазди на јеменските Хути кои први испалија ракета кон аеродромот Бен Гурион во близина на Тел Авив, предизвикувајќи краток прекин во воздушниот сообраќај.

„Го погодивме аеродромот Бен Гурион со хиперсонична балистичка ракета која успешно ја погоди целта“, објавија Хутите.

Нетанјаху вети одмазда врз Хутите.

„Дејствувавме против нив во минатото и ќе дејствуваме против нив во иднина… нема да биде еден „бум“, ќе има многу“, рече Нетанјаху пред состанокот на кабинетот за безбедност.

Израелската војска потврди дека ракетата го погодила реонот на аеродромот. Ракетата паднала на само неколку стотини метри од главниот патнички терминал. Војската се обиде да ја пресретне неколку пати.

Би можело да ве интересира

Лариџани: САД и Израел поттикнуваaт протести во Иран

Ердоган: Она што го направи фараонот Нетанјаху нема да помине неказнето

Нетанјаху: Христијаните се прогонувани на Блискиот Исток

Ал-Хути: Секое израелско присуство во Сомалиленд или во Сомалија ќе биде легитимна воена цел

Горан Наумовски

Владата на Сомалија го осуди Израел по признавањето на Сомалиленд: „Ќе преземеме сите мерки за да се одбраниме“

ИДФ: Извршен е воздушен напад врз терористички оперативец во Либан