За Мицкоски е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека најверојатно утре ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуална соработка со ДУИ на локални избори. За него, како што напомена, е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ.

-Таква средба ќе има следната недела, мислам дека е утре. Треба да го погледнам распоредот, но мислам дека е утре. На средбата јасно сакам да слушнам став дали е точно дека има договор помеѓу партијата на Таравари и ДУИ дека во најмалку пет или шест општини, да не ги шпекулирам имињата, каде што тој ќе извади кандидати, ДУИ нема да има свои кандидати за градоначалници што прво значи себепонижување, како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува. Тоа за мене како претседател на Владата е неприфатливо, изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето 122 години од смртта на Гоце Делчев.

Тој и Таравари, дополни, како колеги во Владата имаат секојдневна комуникација.

Мицкоски информира и дека во втората половина од месецов пред Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со имињата на кандидати за градоначалници за локалните избори во октомври.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Од државотворна партија, СДСМ се претвори во група што брани лични интереси

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН – ЕКОСОК

Мицкоски: Во акцијата на Финансиската полиција опфатени поранешен прв човек на Царина, неколку вработени и еден „посредник“

Мицкоски: Нема да влезам во процес без гаранции за членство во ЕУ

Мицкоски: Обезбедуваме инвестиции, работни места и економски раст меѓу петте највисоки во Европа