АХВ казни 14 месарници: Продавале небезбедна храна и ја занемариле хигиената

Од:

Казни во вредност од 8.350 евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на 14 месарници за утврдени недоследности во работењето, во рамки на спроведените 73 вонредни инспекциски контроли.

Надзорите, како што информира АХВ, биле реализирани на 30 април годинава на целата територија на државата, а како небезбедни се уништени 323 килограми храна.

-Со спроведените контроли на месарниците издадени се 23 решенија за отстранување на утврдени недоследности. Тројца оператори ставале во промет небезбедна храна, кај седум се утврдени недостатоци во поглед на спроведувањето на правилата на добра производствена и хигиенска пракса, а четири месарници немале спроведено задолжителен санитарен преглед на вработените, наведува АХВ.

Неправилности во поглед на означувањето на производите се утврдени кај три месарници, а кај исто толкав број е утврдено и дека не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ.

Би можело да ве интересира

АХВ заплени и уништи 1.740 килограми небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ прави чистка пред Велигден: уништени месо, јајца, бои, ракија

АХВ и МВР во магацин во Маџари пронајдоа 40 тони небезбедни сувомесни производи

Катерина Ѓуровски

АХВ: Ќе се уништи 1.980 килограми небезбедно замрзнато месо

АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети

Инспекторите на АХВ под лупа ги ставија и болничките кујни

А1он