Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

По седум години власт на СДС и ДУИ и лоши економски политики, слободниот пад во економијата е запрен, економијата се консолидира и заздравува. Економските развојни политики на владата вродуваат со плод. Се намали јавниот и државниот долг. Во првиот квартал од 2025 година, заклучно со 31-ви Март, намален е јавниот и државен долг, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавниот долг е 57,7 отсто од бруто домашниот производ, а државниот долг е 50,1 отсто од бруто домашниот производ. Ова е најниско ниво во последните пет години и споредено со состојбата од 2020 година, јавниот долг е намален за -2%, а државниот долг е намален за -0,7%. Овие податоци и индикатори се потврда за развојните политики што ги спроведува владата. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветеноста на реализација на инвестиции кои ќе донесат повисоки стапки на економски раст, со што на долг рок дополнително ќе се намали нивото на долгот. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи домаќински и континуирано работи на привлекување странски инвестиции, отворање на нови работни места и подобар животен стандард на граѓаните, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните