Убиец на шестгодишен Палестинец е осуден на 53 години затвор

Од:

Маж од Илиноис е осуден на 53 години затвор за убиство на шестгодишно момче со палестинско-американско потекло и тешко ранување на неговата мајка во напад на омраза што го изврши во октомври 2023 година, објавија денеска американските медиуми.

Неколку дена откако Израел започна војна во Појасот Газа по нападот на палестинските милитанти Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, Џозеф Чуба (73) го избоде и уби момчето Вади Алфајуми, а со нож ја нападна и неговата мајка Ханан Шахин, пренесува Ројтерс.

Обвинителите рекоа дека нападот со нож, едно од првите и најлошите злосторства од омраза во САД од почетокот на војната во окупираната палестинска енклава, бил мотивиран од омраза кон муслиманите.

Американските организации кои се борат за човекови права предупредија на порастот на исламофобијата, омразата кон Арапите и антисемитизмот.

Чуба го избодел момчето 26 пати со воен нож од 18 сантиметри, соопштија властите.

Шахин претрпелa повеќе убодни рани во нападот што се случи во Плејнфилд, околу 40 милји југозападно од Чикаго.

Би можело да ве интересира

Хамас објави снимка од снајперски напад врз израелски војници: Еден убиен, тројца ранети

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Израел ослободи Палестинци од затвор: Им ставија исти маици и напишаа една реченица

Предраг Петровиќ