ВИДЕО: Ватикан се подготвува, поставен оџак на Сикстинската капела

Од:

Ватиканските работници денеска поставија оџак на покривот на Систинската капела во пресрет на конклавата на која ќе се избере наследникот на папата Франциско.

Тајните избори почнуваат на 7 мај, а изолираните кардинали го користат оџакот за да му кажат на надворешниот свет дали избрале нов водач на Католичката црква од 1,4 милијарди луѓе.

Црниот чад ќе укаже дека нема одлука, а белиот ќе објави дека е избран 267-от папа.

Оџакот е јасно видлив од блискиот плоштад Свети Петар, каде што се очекува да се соберат илјадници луѓе за време на конклавата за да видат како напредува тајното гласање.

Франциск, кој почина на 21 април, беше папа од 2013 година и беше првиот папа од американскиот континент. За неговиот наследник ќе гласаат 133 кардинали, од кои околу 80% беа назначени од Франциск. Последните две конклави, одржани во 2005 и 2013 година, завршија до крајот на вториот ден од гласањето.

Би можело да ве интересира

Кардиналот Анџело Бечиу се повлече од изборот за нов папа

Ројтерс: Конклавата започнува на 7 мај

Објавени фотографии од гробот на папата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на Трамп на погребот на папата: Спречи гаф

Погребан папата Франциск

Предраг Петровиќ

Зеленски и Трамп се сретнаа во базиликата „Свети Петар“ пред погребот

Предраг Петровиќ