Медведев: Трамп го „скрши“ режимот во Украина, сега Киев ќе мора да ја плати американската помош со природни ресурси

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп го „скрши“ режимот во Киев и сега ќе мора да ја плати американската помош со природни ресурси, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

– Сега ќе мора да плаќаат за испораки на воена опрема со националното богатство на земја што исчезнува, напиша Медведев на социјалните мрежи.

Во исто време, американскиот Сенат предводен од републиканците се подготвува да воведе „разорни санкции“ против Русија.

„Да видиме како ќе реагира новата администрација. Рејтингот на Трамп падна, а „длабоката држава“ жестоко му се спротивставува“, заклучи Медведев.

Како што пишува „Блумберг“, цитирајќи го сенаторот Линдзи Греам, САД би можеле да воведат царини од 500 отсто за Русија и нејзините сојузници доколку рускиот претседател Владимир Путин не започне преговори за прекин на конфликтот. Според него, законот е поддржан од 72 сенатори.

Во меѓувреме, Вашингтон и Киев потпишаа договор за природните ресурси на Украина, објави претходно Министерството за финансии на САД.

Би можело да ве интересира

Руски воен хеликоптер влезе во полскиот воздушен простор, Полска подигна борбени авиони

Европа се подготвува за конфликт со Русија: анализата на CNN открива дека коридорот Сувалки е најранливата точка на НАТО

Бабиш: Европа не прави ништо за да ја запре војната во Украина

А1он

Француската крајна десница го менува тонот кон Москва

Кремљ ја презема руската имотна база на Nestlé и Auchan

Макрон: „Франција беше мета на руски хибридни напади“