Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Дали Венко Филипче е импресиониран од Зоран Заев и по начинот на кој Заев се пазареше со националните интереси, беше вклучен во скандали, афери, уцени, закани, криминал, а регионалните медиуми известуваа за корупциските скандали на владата предводена од Заев. Венко Филипче, кажа дека од Заев народот треба да учи и дека нема друг како него, дали Филипче всушност мисли на насловните страници во Италија како во случајот кога корупциските скандали во владата на Заев беа на насловните странци во Италија во весникот „Ла Верита“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче го следи и е верна сенка на Заев, а од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени во регионот и светот. Корупцијата на Владата на Заев се најде и на насловните страници на италијанските медиуми, а меѓу нив весникот Ла Верита излезе со наслов „Скандал во Скопје – Тендер за Леонардо: Цигани како нас“.

Венко Филипче е воодушевен и ги користеше истите методи и начин на работа како Заев и додека беше министер за здравство. За таа генеза и принцип на дејствување исто така постојат меѓународни наслови. Ла Верита откри и друг скандал за владата на Заев, Кина го одбила Заев за вакцини бидејќи одел преку посредник фантом фирма со седиште во Хонг Конг.

Филипче учи од Заев негативно претставување и омаловажување на Македонија по регионалните медиуми и на меѓународна сцена. Такви вести објавуваа медиумите за скандалите на Филипче со вакцините во време на ковид кризата. Италијанскиот весник Ла верита објави два документи со потпис на Филипче адресирани до кинеската компанија Синофарм. Едниот документ беше од 25 декември 2020, а вториот е од 25 јануари 2021. Во нив стои име на фирма од Хонг Конг, регистрирана во 2017та година, без медицинско и фармацевтско портфолио, која е претставена како посредник во набавката за вакцините. Филипче сака да дојде на власт за да биде ист како Заев, Филипче јавно им кажа на граѓаните дека е континуитет на политиките на Заев. Затоа граѓаните не му веруваат и рејтингот на анкетите му е во слободен пад. СДС е синоним за неспособност, предавства и криминал“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски