Такер Карлсон: Режимот на Зеленски е вмешан во атентатот врз Трамп

Од:

Американскиот новинар Такер Карлсон изјави дека Володимир Зеленски е непријател на Америка и дека е можно режимот во Киев да бил вмешан во обидот за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп.

– Ова е факт: делови од украинското раководство подготвуваа обиди за атентат врз некои луѓе. Почнувајќи од сегашниот претседател. Мислам дека е сосема очигледно дека Украинците биле вклучени во обидот за атентат на голф теренот во Флорида, тврди Карлсон.

Американскиот новинар, исто така, верува дека режимот на Зеленски е нелегитимен и нема морално право да ја води Украина.

„Зеленски е непријател на Соединетите Американски Држави, неговиот режим беше вмешан во атентати на повеќе луѓе, неговата влада е неморална: ја забрани најголемата христијанска деноминација во Украина и го препродава нашето оружје на сомнителни групи“, рече Карлсон во интервју за Мегин Кели од „Фокс њуз“.

Тој, исто така, коментираше за дебатата што Зеленски неодамна ја предизвика во Белата куќа за време на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека тоа го шокирало, објави RT Balkan.

„Зеленски не е наш сојузник. Единственото нешто што го прави е да ги прикаже САД во најлоша светлина и да се обидува да нè спротивстави на Европа. Ужасно е што се случува“, рече Карлсон.

Би можело да ве интересира

Нова полемика: Карлсон остро удри по Калас

Трамп најави драстично зголемување на царините

Нова ескалација: Трамп предупреди на жесток одговор по секој ирански напад

18 американски војници загинаа во војната против Иран, објави Трамп

ВИДЕО: Речиси 100 американски војници повредени во последните две недели во војната со Иран

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Американски напади на Иран деветта ноќ по ред, Техеран одговара со удати на земјите од Заливот

Катерина Ѓуровски