Меган Маркл неодамна ја искористи својата титула за да потпише кутија за подароци, навидум прекршувајќи важен договор, предизвикувајќи гнев на принцот Вилијам.
Принцот Вилијам наводно планира да им ги одземе титулите на својот брат Хари и неговата сопруга Меган Маркл откако ќе го наследат престолот од нивниот татко, кралот Чарлс III.
– Чарлс можеби ќе го трпи ова, но Вилијам нема. Тој ги презира и мрази Хари и Меган со сето свое битие, верува дека предале сè што претставува нивното семејство, а помислата дека го користат својот кралски статус ќе го разбесни, изјавил извор за „Дејли бист“, наводно алудирајќи на тоа дека Меган ја користела својата титула за да ги промовира производите на „Ас Евер“.
Изворот исто така тврди дека Меган го прекршила договорот со покојната кралица Елизабета. Во понеделник, Меган потпиша подарочна корпа со нејзините производи и остави порака на која пишуваше: „Со почит, Нејзиното кралско височество, војвотката од Сасекс“.
Пријател на принцот Вилијам вели дека Меган ја експлоатира слабоста на кралот Чарлс на овој начин.
„Чарлс целосно ја изгуби контролата“, рече тој.
Тој додаде дека е очигледно оти Хари и Меган имале намера да „му ги направат последните години од животот мизерни“.
– Употребата на титулата Нејзино Кралско Височество од страна на Меган открива колку е слаб и немоќен. Таа знае дека нема да направи ништо. Нема шанси кралот Вилијам да го толерира ова. Нивните титули ќе бидат одземени кога тој ќе стане крал. Ќе најдат начин – рекол изворот.
Извор близок до Меган изјави дека таа не го прекршила договорот со кралицата бидејќи кошничката била „личен подарок“ и додаде:
– Хари и Меган ги задржуваат своите титули. Сепак, според договорот, тие не ги користат за комерцијални цели. Иако тие не ја користат титулата јавно, ова беше личен подарок и нивните титули остануваат.
Поранешниот дворјанин им рече на странските медиуми дека одбраната на Меган е „глупост“. Тој тврди дека откако се откажале од своите кралски должности, се согласиле воопшто да не ги користат титулите на Кралско Височество. Неговата изјава се чини дека е потврдена од официјалната, јавно достапна изјава на двојката за повлекување од кралските должности.
„Со благослов на кралицата, Сасексите ќе продолжат да ги одржуваат своите приватни покровителства и врски. Иако повеќе не можат формално да ја претставуваат кралицата, Сасексите јасно ставија до знаење дека ќе продолжат да ги поддржуваат вредностите на Нејзиното Височество во сè што прават. Сасексите нема да ги користат титулите на Нивните Кралски Височества бидејќи повеќе не се активни членови на кралското семејство“, се вели во соопштението.
Принцот Хари и Меган ги напуштија своите должности во 2020 година и се преселија во Калифорнија. Оттогаш, тие живеат во Монтесито со своите деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет. Кратко по преселбата во САД, тие дојдоа во конфликт со кралското семејство и сè уште не се во добри односи со неговите членови.