Полицијата поднесе кривична пријава против М.Д.Д.(39) од Охрид сторила кривично дело „поттикнување“, а во врска со кривичното дело „лихварство“, како и против Љ.Д.(35) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „помагање“, а во врска со кривичното дело „лихварство“.
Пријавената М.Д.Д. во временскиот период од 2020 до 2024 година, со умисла поттикнувала, примала и за себе договарала несразмерна противправна имотна корист од Б.Р. од Охрид, при што од него изнудила 44.976.415 денари, кои ги префрлала на сопствена, но и на сметка на Е.Д. и Љ.Д., двајцата од Охрид. Пријавениот Љ.Д. во периодот од 2020 до 2024 година, со умисла помагал, договарал, примал и посредувал за себе и за М.Д.Д. противправна имотна корист од лицето Б.Р. од Охрид, при што, од него биле изнудени 26.579.000 денари.