Синдикатите на првомајски протест за повисоки плати

Од:

Со барање за минимална плата од 500 евра и пораст на останатите плати за сите вработени за 100 еврапла, утре ССМ во 11 часот излегуваат на протест.

Од Работничкиот дом ќе се упатат до Собранието – Стопанската Комора и ќе завршта пред Владата, да го искажатат своето незадоволство против креаторите на политиките, кои, како што велат, се грижат само за себе и своите интереси, без да водат грижа за работниците, работничките парав и работничките интереси.

„На 1 мај се бореле за 8 часа работно време, нешто кое денеска во Македонија го немаме. ССМ излегува на протест, да бара згоелмување на минималната плата 500 евра, на сите останати плати за 100 евра, да бара зголемување платите на сите. Протестот е начинот да изразиме незадоволство од висината на платите, кои се најниски во регионот и пошироко. ССМ ги повикува сите кои му мислат добро на работникот, да се приклучат на протестот. Денеска синдикатите во Македонија имаат многу причини да излезат и да протестираат, а не да прославуваат. Имаме можност да покажеме дека сме тука за работниците“, изјави претседателот на ССМ Словодан Трендафилов.

Реагира и на тоа што дел од синдикатите како што вели соработуваат со власта.

„За жал само синдикалци може да направат штета на работниците, и кога поддржуваат владини политики, секогаш е на штета на работниците. Тоа што го заборават да кажат колегите од другите синдикати, е дека прифаќаат далеку помали износи, а ССМ нема да дозволи ниту еден работник да пати за зголемување на платите“, рече Трендафилов.

Би можело да ве интересира

ССМ почнува со блокади, а останува и одлуката за генерален штрајк доколку не се зголемат платите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

Дијалогот за платите треба да се води според мерливи показатели, а не според анкети – гувернерот по протестот на ССМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Протест на ССМ во Скопје: Ако не ја зголемите минималната плата, доаѓаме по вашите плати

А1он

(ВИДЕО) Манасиевски: ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ